![veles](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/veles-1.jpg?resize=449%2C446&ssl=1)
Големо невреме, проследено со дожд попладнево го зафати повторно велешкиот, но и преспанскиот регион.
Во Велес се поплавија повеќе улици, а градоначалникот, Славчо Чадиев на терен ги согледува последиците по поплавите кои го зафатија градот во текот на вчерашниот и денешниот ден.
Преспа невреме ја зафати околу 15 часот, но за среќа траеше кратко.
Цела Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, заради новото невреме што се најавуваза попладневните и вечерните часови.