![navalni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/navalni.jpg?resize=674%2C470&ssl=1)
Рускиот опозиционер Алексеј Навални е поврзан на апарат за вештачка вентилација на белите дробови а неговата состојба се оценува како стабилна но тешка, изјави за медиумите Анатолиј Калиниченко, заменик на главниот лекар во болницата за инте медицинска помош во Омск, откако претходно соработничката на Навални објави дека тој бил отруен со чај во авион додека летал за Москва.
Претходно беше објавено дека авионот со кој патувал шефот на Фондацијата за борба со корупцијата (ФБК), од Томск за Москва, имал итно слетување во Омск, откако на Навални му се слошило во текот на летот по што тој бил веднаш хоспитализиран.
Како што соопшти преку социјалните мрежи соработничката на Навални, Кира Јармиш, која го придружувала на летот, опозицискиот блогер бил отруен откако му поттуриле нешто во пијалакот, а пиеле само чај и дека тој е во кома.
Од своја страна лекарот Калиниченко изјави дека засега не може со сигурност да се каже дека станува збор за токсично труење, но дека таквата можност лекарите ја разгледуваат.
„Има неколку дијагнози кои се исклучени, се потврдуваат или се во процес на прецизирање. Се спроведуваат бројни медицински и дијагностички мерки, лабораториски и инструментални наоди, консултации на доктори од сродните специјалности, конзилиуми итн (…) Во текот на денот, мислам дека ќе ја дефинираме точната дијагноза“, изјави земеникот на шефот на болницата во Омск.
Калиниченко не одговорил на новинарско прашање дали е загрозен животот на Навални. Додал дека нема законско право да открива подетални информации за дијагнозата и третманот без согласност на пациентот или неговите блиски.
„Продолжува интензивната терапија. Имаме напредок во дијагностицирањето на заболувањето, добиени се неколку десетици наоди за параметрите на состојбата на крвата, работата на мозокот, на другите органи и системи. Продолжува активниот третман (…) Лекарите прават сѐ што е возможно, но лерарите реално сега се занимаваат со спасување на неговиот живот“, изјави Калиниченко.
Одговарајќи на новинарско пршање дали е загрозен животот на Навални, лекарот истакна дека сѐ додека пациентот не биде отпуштен од болница секогаш постои таква можност. Повтори дека во овој момент нема право да дава подетални информации за состојбата на Навални без негова согласност.
Додаде дека моменталниот третман и дијагностицирањето во случајот на Навални го контролираат регионалното и сојузното министерество за здравство.
Директорот на „Виенската кафетерија“ на аеродромот во Томск, каде што Навални пиел црн чај, изјавил дека ќе соработува со истражните органи во врска со инцидентот. Во авионот, според соопштението на воздухопловната компанија „S7“, Навални ниту јадел, ниту се напил нешто.
Аеродромските власти во Томск објавија дека се подготвени да ги обезбедат видео снимките од надзорните камери. Истрага започната и Транспортната полиција.
Правниот тим на Фондацијата на Навални одлучил да поденсе пријава до рускиот Истражен комитет, зашто се убедени дека инцидентот спаѓа под делата „посегање по животот на државна или јавна личност“. Притоа додаваат дека личниот лекар на Навални, Анастасија Василева веќе одлетала за Омск.
Патник кој бил на истиот лет со Алексеј Навални за медиумите рекол дека мажот отишол во задниот дел на авионот 20 минути по полетувањето.
„Ми се стоти дека тоа е Навални. По час и половина поддоцна се случи итното слетување во Омск, пристигна возилото за ранимација, а од прозорецот на авионот водов дека е Навални“, рекол сведокот на инцидентот.