![2020031316038_a8ade90d-2810-4428-a161-012db01839f6](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/2020031316038_a8ade90d-2810-4428-a161-012db01839f6.jpeg?resize=696%2C335&ssl=1)
Портпаролот на кинеската влада и функционер на министерството за надворешни работи, Жао Лијан, ги обвини САД како земја на потекло на новиот сој коронавирус Covid-19, пишува во петокот Al Jazeera.
Портпаролот рекол дека ткн „нулти пациент“ со коронавирусот во Кина дошол од САД. Тоа е досега најжестокиот одговор на официјален Пекинг на термините кои ги користат највиските американски функционери, како „вирус Вухан“, „кинески вирус“ или „странски вирус“.
Жао на социјалните мрежи го постави извештајот кој го објави веб-страница од Канада која ги третира темите со светските заговори, а во кој се сугерира дека коронавирусот потекнал од САД.
„Земете само неколку минути да прочитете уште еден текст. Ова е толку зачудувачки, што ми промени многу нешта во коишто верувавм. Ширетер го натаму, за луѓето да знаат“, напиша Жао на својот профил на Twitter.
Тој го објави постот под насловот „Шокантен развој. Дали вирусот потекнал од САД“.
Претходно Жао објави видео од сослушување во Конргесот на САД, во кое се сугерира дека американските центри за контрола и превенција на заразџата се „фатени на дело“, зборувајќи дека „нултиот пациент“ со коронавирусот е од САД.
Во еден од низата твитови, Жао наведува и дека директорот на Центарот „Роберт Редфилд“ признал дека некои Американци, кои, како што изгледало, починале од последици од грип, биле позитивни на тестовите на коронавирусот.
Some #influenza deaths were actually infected with #COVID-19, Robert Redfield from US #CDC admitted at the House of Representatives. US reported 34 million cases of influenza and 20,000 deaths. Please tell us how many are related to COVID-19? @CDCDirector pic.twitter.com/vYNZRFPWo3
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) March 12, 2020