Тpaорно сведоштво ја прекина емисијата „Јанко јади бурек“, објави Инфомакс.
„Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе„ во солзи раскажуваше гледач на емисијата за смртта на неговата сопруга.
По сведоштвото на гледачот, Јанко Илковски ја прекина емисијата.
Гледачот раскажуваше во каква катастрофална состојба е македонското здравство и за голготатата која ја преживеал обидувајќи се да го спаси животот на неговата сопруга.
Се започнало откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.
Во домашни услови и се влошила здравствената состојба за да потоа да биде сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.
По кратко боледување таму, неговата сопруга починала, а гледачот открива дека била украден златниот накит од неговата сопруга и нејзиниот телефон.
Ова не е држава, вели гледачот, а веројатно и сите ќе се согласиме.