ВИДЕО: Последните минути пред потонувањето на јужнокорејскиот траект

Кај еден од учениците чие тело е извадено од јужнокорејскиот траект кој потона на 16-ти април пронајден е мобилен телефон со потресна видео снимка на која се гледаат последните моменти пред потонувањето на фериботот. Денеска по желба на неговиот татко, снимката е објавена.

На снимката која Парк Су Хјеон ја направил со својот мобилен телефон е забележан моментот кога траектот се навалил на десната страна и се гледа како учениците кои биле со него во бродската кабина прво се смеат и се шегуваат на темата „Титаник“, неколку минути пред несреќата.

„Спасете ме“, се пошегувал еден од учениците, додека другиот предлага видео снимката да се постави на „Фејсбук“.

Според бројките кои го покажуваат времето на снимката, ученикот започнал да снима неколку минути пред првиот сигнал за узбуна.

Еднаесет минути подоцна учениците се уште се смеат, а еден од нив вели дека е време да ја каже својата последна желба, додека другите се прашуваат дали за инцидентот има на телевизија.

А потоа полека настанува паника и конфузија меѓу учениците кои стануваат свесни дека ситуацијата е сериозна.

На еден ученик започнуваат да му се тресат нозете и има мачнини а друг реагира на наредбата да се стават појаси за спасување.

„Не разбирам. Појаси за спасување? Дали тоа значи дека бродот тоне?“, се слуша еден глас. А друг прашува: „А што прави капетанот?“

Снимката прво ја објавиле јужнокорејските медиуми по барање на такото на ученикот, а лицата на младите кои се гледаат се замаглени.

За време на целата снимка се слуша како на разглас им се налага на патниците да останат на своите места.

Капетанот и 14-те членови на екипажот се уапсени и обвинети дека доцна наложиле евкуација така што учениците не успеале да се спасат.

Капетанот објаснил дка сакал да ги спречи патниците да скокнат во морето пред да стигне помошта.

Од 476 патници, 325 биле ученици.

Според последните податоци досега има 225 починати, додека 77 се уште се водат како исчезнати.