ВИДЕО| Потегот на Меси среде сообраќаен метеж ги одушеви фановите

Еден фудбалски навивач го доживеа она за што многумина мечтаат, да го сретне еден од најдобрите играчи во историјата – Лионел Меси, а средбата се случила среде метеж во сообраќајот.

Навивачот имал среќа во гужвата со својот автомобил да запре токму покрај Меси, кој покажал добра волја да му го потпише дресот.

Аргентинецот го отворил прозорецот на својот автомобил, го земал дресот и ги потпишал, на големо одушевување на обожавателот.

И покрај запирањето, сообраќајот продолжил да се одвива покрај нив, па овој потпис станал уште подрагоцен. Од една страна, фанот го добил непланирано, сосема случајно, а од друга страна, сите возачи зад нов биле трпеливи иако веројатно не знаеле што се случува и кој е во возилото пред нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)