(ВИДЕО) Потоп во Хрватска, Далмација по вода вонредна состојба во Карловац

Во централниот дел на Хрватска, Карловац денеска е прогласена вонредна состојба поради висок водостој на реките Корана и Купа. Во деловите на централна и источна Славонија се очекува раст на водстојот, бидејќи изминатата вечер паднале од 30 до 80 мм дожд, јавуваат локалните медиуми.

Во критичните населби се спроведуваат активности за евакуација на болните и непокретни луѓе.

Дождот кој непрекинато врнеше во Хрватска предизвика страшни поплави, посебно на подрачјето на Дубровник. Поплавени се 50 куќи, а полицијата и пожарникарите спасуваат луѓе заробени во надојдената вода.

Спасени се седум лица меѓу кои две деца и една непокретна жена.