Тајландската војска ангажираше во понеделникот воени бродови и хеликоптери во обидот да лоцира 33 морнари исчезнати откако корвета во текот на изминатата ноќ потонала во разбрануваните води во Тајландскиот залив.
Три брода на морнарицата и два хеликоптера се испратени да ги пронајдат исчезнатите морнари во покраината Прачуп Кири Кан, јужно од тајландската престолнина, откако воениот брод „HTMS Sukhothai“ пријавил проблеми со моторите и потонал малку пред полноќ на околу 20 наутички милји од брегот.
Ноќната мисија на потрага и спасување во лиши временски услови успеала да спаси 73 од 106 луѓе од бродот, соопшти тајландската воена морнарица. Другите 33 морнари биле принудени да го напуштат бродот, се додава.
Во објавата на Twitter се поставени слики и видео-снимки на кои се гледа група луѓе со портокалови елеци во црн гумен чамец како се оддалечуваат од бродот во темнината додека брановите си поигруваат со него. Не е соопштено колку чамци/сплавови за спасување биле распоредени.
Бродот „HTMS Sukhothai“ е американска корвета којашто е во употреба од 1987 година, а бил погоден од силни бранови во неделата. Притоа пловилото се накосило на едната страна пред водата да продре во него, соопшти портпаролот на тајландската морнарица, адмиралот Погкронг Монтардпалин,