ВИДЕО: Потресна приказна на девојка чија мајка е силувана во војната во БиХ

Британскиот весник „Стандард“ ја објави прикзната на 21 – годишната Лејла Дејмон која е родена во БиХ откако нејзината мајка била силувана од српски војник во концентрационен логор.

Лејла била посвоена од британските новинари Сиан и Ден Дејмон, кои ја снимиле мајката на Лејла по породувањето во Сараево. Огорчената жена тогаш сакала да го задави воето бебе.

Лејла работи на подигнувањето на свеста за тешките и незаборавни последици од воените силувања поради што на медиумите им раскажала се што и се случило на нејзината мајка.

-Таа апсолутно ме мразела кога сум се родила. Мислела дека сум зло, дека сум четничко бебе и дека ќе пораснам и ќе бидам како човекот кој ја силувал. Не сакала да има никаква поврзаност со мене, рекла Лејла.

Кога наполнила 18 години нејзините посвојувачи  и ја покажале снимката од интервјуто кое го направиле со нејзината мајка во болница во БиХ.

-Ако некој го сака тоа бебе, може да го земе. Слушнав како плаче, ама им реков на медицинските сестри да не ми го покаќуваат. Ако го погледнам бебето, ќе го задавам, говорела тогаш мајката.

– Во видео пораката рекла дека не може да ме држи бидејќи ќе ме задави. Таа омраза кон мене и другите деца кои се родени како резултат на силување е честа во војните. Огорченоста и гневот кои настануваат се многу силни и поради тоа децата кои се жртви на војната тешко се прифатени во општеството, вели Лејла.

Дваесет и едногодишната девојка моментално работи во хуманитарната организација „War Child“ и за своето искуство говорела на конференција за спречување на сексуалното насилство во војните.

Нејзината биолошка мајка во меѓувреме е пронајдена и Лејла размислува да се сретне со неа.

-Мене не би ми било никаков проблем да ја запознаам својата биолошка мајка. Не сум лута, не ја мразам, заклучува Лејла.