На социјалните мрежи денеска се појавија потресни фотографии и видеа на кои се гледа петгодишно девојче , како се обидува да ја спаси својата седум месечна сестричка во бомбардираниот град Идлиб.
Новинарот на сириската телевизија SY-24, Башар ал- Шеик , сенашол на местото на трагедијата, слушнал повици за помош и плачење на дете. Не можел да види ништо од прашината , но по извесно време здогледал како од урнатините на разурнатата зграда виси бебе , а мало девојче се обидува да ја спаси .
5-year-old Syrian girl dies trying to save her baby sisters from the rubble of their bombed home. pic.twitter.com/TZWAnnTG1X
— Al Jazeera English (@AJEnglish) July 25, 2019
Над нив, на неколку метри стои избезумениот татко. Двете девојчиња подоцна биле спасени, пред зградата целосно да се урне.
За само десет дена во бомбардирањата во Сирија загинаа 103 цивили , од кои 26 деца. Од ОН одговорноста за бомрардирањата ја префрлаат на властите на сирискиот претседател Башар ал Асад.
По ескалацијата на судирите по 29 април, само претходната недела се убиени 350 цивили, а 330000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.