ВИДЕО| Повеќе од 1.000 украински маринци се предадоа во Мариупол

Чеченскиот челник Рамзан Кадиров објави дека повеќе од илјада припадници се предале во близина на пристанишниот град Мариупол и ги повика другите украински војници, платеници и паравоени единици се утврдени во челичарницата „Азовстал“.

Украинските функционери ни одговорија на оваа информација на Telegram каналот. Украинскиот главен штабн во своето утринско известување од средата наведува дека руските сили продолжуваат со напади на „Азовстал“ и врз пристаништето, иако проруските бунтовници од Донецк уште во понеделникот објавија дека контролираат поголем дел од пристаништето.

Информацијата за заробувањето на украинските војници ја потврди подоцна во средата на редовниот брифинг во руското министерство за одбрана, портпаролот генерл-мајорот Игор Конашенков, истакнувајќи дека меѓу заробените се 162 офицери, како и 47 жени војници.

„Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот погон Илич, како резултат на успешните настапувања на руските вооружени сили и милицијата на Донецката народна република, 1.026 украинските војници на 36-та поморска бригада, доброволно го положија оружјето и се предадоа“, рече Конашенков.

Руската државна телевизија во вторникот прикажа предвање на украинските маринци во Железарницата Илич (според Владимир Илич Лењин), близу Мариупол, а многумина од нив се повредени. Беа емитувани кадри од украински војници кои одат по улица со рацете во воздух. Еден од нив е прикажен како држи украински пасош.

„Во Азовстал во овој момент има околу 200 ранети кои не можета да добијат никаква медицинска помош… За нив и за сите други би било подобро да го прекинат овој бесмислен отпор и да се вратат на своите семејства“, порачува Кадиров во својата објава.

Кадиров е познат како голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин кого повеќепати го повикуваше да не ја запира операцијата во Украина додека не ја „исчисти“ од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“.

Со овие изрази Кадиров алудира на украинските крајно десни групации чијашто идеологија произлегува до Степан Бандера, украински националист кој во Втората светска војна бил сојузник на нацистичка Германија. Приврзаните на овие групации чиј најголем противник историски е Русија, учествуваа во Чеченскит војни од 1990-те години на страната на исламистичките радикали кои сега заедно со нив се борат против руските сили во Украина.

Рускиот Истражен комитет објави и снимка од испрашување на заменик командир на бригада на украинската морнаричка пешадија кој бил заробен во челичарницата „Азовмаш“.

Тој рекол дека во декември 2021 година како дел од бригадата извршувал задачи на подрачјето на операцијата на здружените сили. Додал дека по почетокот на руската офанзива се преместиле на друга позиција во фрабриката „Азовмаш“ каде биле опколени.

„Поради ситуацијата беше одлучено за да избегнеме непотребни жртви, го положивме оружјето и се предадовме“, изјавил украинскиот официр.