ВИДЕО| Повредена студентка во налет на автомобил во текот на блокада во Белград

Студентка е повредена во четвртокот во Белград кога влетал во група студенти додека тие ја спропведуваа блокадата со 15-минутно молчење во чест на загинатите во уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, пренесува регионалната телевизија N1.

Студентите од повеќе од 60 факултети повеќе од еден месец секојдневно им оддаваат почит на жртвите во падот на настрешницата во од Нови Сад со 15-минутна сообраќајна блокада. Додека во четвртокот стоеле на раскрсницата пред техничките факултети на булеварот „Крал Александар“, возачот на темносина комби со голема брзина излетал од улицата на тротоар.

Од силината на ударот студентката се најде на покровот од автомобилот кој продолжил да се движи носејќи ја околу триесетина метри на покривот, пред да падне на земја, според вознемирувачките снимки објавени на социјалните мрежи.

Блокадите на факултетите беа иницирани токму поради насилството на кое беа изложени студентите на Факултетот за драмски уметности кога на 22 ноември при оддавањето почит на жртвите од новосадската трагедија беа нападнати од неколку лица кои подоцна беа идентификувани како наводни членови и функционери на владејачката Српска напредна партија.

Нас илствата врз студентите и учесниците на протестите се повторуваат неколкупати, додека највисоките државни функционери ги нарекуваат студентите странски платеници, а блокадите се обид за „обоена револуција“.

Полицијата соопшти дека го „идентификувала и лоцирала возачот М.П.(38), кој е осомничен дека денеска околу пладне со вагон „форд фокус“ удрил во 20-годишна девојка. Се сомнева дека во возилото имало уште две лица, соопшти МВР.

Според неофицијални информации студентката е тешко повредена и пренесена во болница. Засега нема официјална изјава за вистинската тежина на нејзините повреди. Студентите организатори на протестот тврдат дека девојката е студентка во прва година на Правниот факултет во Белград.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal)