Рано утрово избувна пожар во Националниот парк „Галичица“, над охридската населба „Бараки“, јавува Охридпрес.
Станува збор за запалени шумски растенија и дрвја. Причините за избувнувањето на пожарот до овој момент не се познати, информираат од охридската противпожарна единица, од каде додаваат дека интервенирале со едно возило.
На лице место се и екипи од Националниот парк „Галичица“, кои се упатени кон местото на кое е пожарот.