ВИДЕО: Пожарот во мигрантскиот камп во Дизелдорф се случил поради кавга за храна

Кавгата за храна за време на Рамазан најверојатно го предизвикала пожарот во кој изгоре мигрантскиот камп кај Дизелдорф, објави денес јавното обвинителство.

Огромниот пожар во Дизелдорф во вторникот го уништи до темел сместувачкиот капацитет за 282 мигранти со потекло од Сирија, Ирак, Авганистан и Северна Африка, пренесува АФП.

За среќа немало жртви во пожарот, а на 28 мигранти им била укажана лекарска помош поради труење со чад.

Пиолицијата уапсила 8 лица за кои што постои сомнеж дека учествувале во кавгата, меѓу кои и двајца што се товарат за подметнување пожар. Двајцата осомничени се Мароканци на возраст од 26 години, од кои еден наводно истурил запалива течност на душек и го запалил.

Според сведочењето на мигрантите што присуствувале во кавгата, тен зиите во кампот пораснале поради расправии на припадниците на различните религии.

-За време на Рамазан, луѓето се поделија на оние што строго го почитуваат постот и на оние што бараа храната да се служи во вообичаеното време и во вообичаени порции, вели Ралф Херенбруек, портпарол на обвинителот.

Портпаролот вели дека оваа поделба повеќе пати довела до расправии и конфликти со претставниците на германскиот Црвен крст.

Од почетокот на годината полицијата 89 пати интервенирала во овој објект со големина од 6.000 квадратни метри, што претходно бил дел од градскиот конгресен центар.