ВИДЕО| Пожар во Дебар Маало

Избегната трагедија во скопско Дебар Маало каде по третпат се палат контејнери, објави А1он.

Пожарот беснеел околу 15-на минути, во близина на кружниот тек.

На кратко растојание од контејнерите имало и возило кое било зафатено, но било спечено да се случи катастрофа и истото да експлодира.

Дополнително во близина на пожарот има и неколку згради, како и детско игралиште. Во пожарот изгореле целосно четири контејнери, од кои едниот за рециклирање пластика.