ВИДЕО| Пожар во хотел во Мадрид, евакуирани 200 луѓе

Околу двесте луѓе мораа да бидат евакуирани од хотел во предградие на Мадрид во кој избувнал пожар во четвртокот вечерта, изјави портпаролката на градските итни служби на шпанската престолнина.

Пожарот избувнал во хотелот со четири ѕвездички „Nuevo Madrid“, сместен северно од гадот, покрај автопатот М-30.

„Ниој не е повреден“, изјавила портпаролката додавајќи дека сѐ уште не се знае што го предизвикало пожарот.

Петнаесет противпожарни бригади, возила на итната медицинска помош и на полицијата дошле на местото на пожарот за да ја стават ситуацијата под контрола.

Пожарот избувнал во хотелот околу 19 часот по локално време, а огромниот столб од чад можел да се види од неколку места во Мадрид, пренесуваат медиумите.

Фернандо Муниља, портпарол на мадридската протувпожарна служба, објави дека пожарот бил брзо изгаснат на покривот од хотелот, откако зафатил неколку ката.