(ВИДЕО) Пожар во руска рафинерија, властите ги обвинуваат за напад украинските дронови

Пожар избувна во руската рафинерија Новошахтинск во Ростовската област, откако два украински беспилотни летала беа забележани над фабриката, вели за ТАСС неидентификуван извор од локалните власти.

„Едно од нив удри во единицата за пренос на топлина, по што избувна пожар. Другиот одлета“, вели изворот за ТАСС.