ВИДЕО| Позната тајландска јутјуберка обвинета за милионска измама

Тајландската јутјуберка познатка како „Нути“ исчезна откако е обвинета за кражба на 50 милиони евра кои нејзините обожаватели го вложиле во нејзината фиктивна компанија.

Сучата Конгсупачак стана популарна на социјалните мрежи благодарејќи на туторијалите за танчери почетници и пејачи во подем. На својот канал на YouTube објавуваше и обработки на поп-нумери, како и видеа во кое ги прикажуваше секојдневниот живот.

Во меѓувреме започна да промовира курсеви за тргување со девизи (Forex trading) на својот Instagram профил и ветувајќи заработка од 35 отсто на своите вложувања. За да ги увери своите речиси милион следбеници во ефикасноста на оваа шема, Сучата на своите мрежи го прикажуваше луксузниот живот со скапи автомобили, часовници и дизајнерска гардероба.

 

Сучата го повика своите фанови да вложуваат во нејзината компанија на странскиот пазар и според наводите на тајландската полиција дури 6.000 луѓе ги вложиле своите пари. Меѓутоа, нејзините следбеници започнале масовно да пријавуваат кога сфатиле дека станува збор за измама и дека нема да ги добијат парите.

Сучата одговори дека го загубила целиот капитал кои ги вложиле по голема грешка во системот и им вети на своите фанови дека ќе врати парите коишто ги должи. Јутјуберката по таа изјави престана да се огласува и да одговара на пораките на Instagram.

Тајландската полиција примала стотици жалби и бројката се зголемува од ден во ден. Моментално се проценува дека Нути вкупно изнудила 50 милиони евра од своите следбеници на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека младата жена се крие некаде во Малезија, а нејзините жртви се организирале и понудија парична награда во замена за информации кои можат да доведат до нејзино апсење.