ВИДЕО| Право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик, а таква обврска нема за албанскиот!

Професорката Гордана Сиљановска Давкова од собраниска говорница истакна дека паралелната македонско – албанска двојазичност е без уставен основ.

„Право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик, пишува во Законот за македонски јазик. Ваква обврска нема за друг јазик.
Пратениците МОЖЕ да се обратат на пленарните седници и работните тела во Собранието и на јазикот што го зборуваат 20%, а законите ќе се објават покрај на македонски јазик и на јазикот што го говорат 20% граѓани, вели Рамковниот договор.
Во ставот (5) на амандманот V, не пишува дека „службен јазик во Р. Македонија е и јазикот што го говорат 20% граѓани“. Во органите на државната власт МОЖЕ службен јазик различен од македонскиот да се користи во согласност со закон. Законот, се разбира не може да биде над Уставот, односно не може да го менува или дополнува.
Паралелната македонско – албанска двојазичност е без уставен основ.
Но, правната логика е едно, а логиката на заедничкиот живот- друго. Неспорна е потребата од учење и знаење на албанскиот јазик. Можеби, ние, пратениците треба да дадеме пример!“