Српскиот актер Предраг Смиљковиќ многумина го засакаа благодарејќи на гледаната серија „Семејно благо“, во која го толкуваше ликот на Тихомир Стојковиќ, попознат како Тика Шпиц, во мегаинтервјуто за подкастот Југославија вели дека и денеска на улица луѓето и сега го ословиваат како Тика Шпиц, што воопшто не му пречи но дека ништо не очекувал од појавувањето.
Во разговорот Смиљковиќ зборува за актерските почетоци, идентификувањето со ликовите, но и за одлуката да живее и натаму подалеки од метежите на големите градови, како и за современите културолошки трендови.