
По вторпат во својата 19-годишна кариера во НБА лигата, Леброн Џејмс беше санкциониран со икслучување откако на почетокот од третата четвртина во борба за позиција го удри центарот на Детроит Постонс, Ајзеа Стјурат и му ја скрши аркадата, но негоите Лос Анџелес Лејкерс со голем пресврт во последната делници дојдоа до победата 121:116.
За среќе, инциденто меѓу Џејмс и Стрјуарт не се изроди во општа тепачка, бидејќи раскрававениот домашен играч сакаше да се се пресмета со ѕвездата на гостите, но силниот 20-годишен центар одвај успеаја да го задржат неколку негови соиграччи и помошници на тренерот. Од друга страна, на паркетот влезе и целата клупа на Лејкерс за да го одбрани Џејмс, а сцените потсетија на онаа која се одигра пред 17 години токму во Детроит, кога судирот меѓу играчите на Пистонс и на Индијана Пејсерс од теренот се пресели и на трибините во денес веќе урнатата сала „Обурн Палас“, кога гостинските играчи влегоа во боксерска пресметка со домашните навивачи.
Инциденот е познат како „Malice at the Palace“, и за него неодаман е снимен и документарен филм кој фрли сосема поинаква светлина врз службените верзии објавени веднаш по тепечката, при што подебелиот крај го извлекоа кошаркарите на гостинската екипа, а синоќешните сцени од сегашанта арена „Литл Сизар“ делуваа како да се подготвува продолжение на споменатиот документарец.
Откако ситуацијата на тереност стивна, судиите ја прегледаат снимката од сите случувања и одлучија да го исклучат Леброн Џејмс поради „удар над висината на рамото“, на Стјуарт му досудија две технички грешки, што значење и негово исклучувања, а техничка грешка заработи и Расел Вестбрук, бидејќи во мешаницата барал пресметка со противничката страна.
Нема диелми дека Џејмс го заслужи исклучувањето, а снимката укажува и на негова намера да го повреди Стјуарт со кој беше во клинч пред со лактот и левата подлактица да го закачи по лицето. Но, од Лејкерс по мечот ја отфрлија таквата можност.
Во моментот на инцидентот, на 9,18 минути до крајот на третата четвртина, Детроит имаа предност од 12 коша (79:67). А бидејќи предноста на Пистонс пред последната четвртина беше уште поголема (99:84), се чинеше дека домашниот тим лесно ќе дојде до победата. Но разбудените Лејкерс во последната четвртина ги оставија Пистонс на само 17 коша, а уфрлија 37 и така и без Џејмс стасаа до големиот пресврт.
Најголема заслуга за тоа имаше тандемот Дејвис – Вестбрук. Ентони Дејвис дуелот го заврши со 30 коша и 10 скокови а во неизвесната завршница двапати го блокираше новајлијата на Пистонс, Кејд Канингам, додека Расел Весбтрук беше близу „трипл-дабл“ со 26 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Кај Пистонс најдобар стрелец беше Џереми Грант со 36 коша, додека младиот плејмејкер Канингем го оствари својот прв „трипл-дабл“ во НБА лигата со 13 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
Успешна ноќ имаше и вториот тим од Лос Анџелес. По двата последователни пораза на гости, Клиперс на свој терен со 97:91 ги совладаа Далас Маверикс.
Пол Џорџ со 29 поени беше најдобриот стрелец кај Клиперс, а покрај тоа имаше и 6 асистенции и 4 скокови. Реџи Џексон впиша 23 коша. Далас во Лос Анџелес допатуваа без Лука Дончич па главниот товар во нападот падна на Латвиецот Кристапс Порзингис кој постигна 25 поени. Го следеше Џејлен Брансон со 20 коша и 8 скокови.
Победничките серии ги продолжија и двете најуспешни екипи во новата сезина, Голден Стејт Вориорс и Феникс Санс.
Вориорс пред својата публика ги совладаа Торонто Рапторс со 119:104 и дојдоа до четвртата победа во низа, а вкупно 15-та во првите 17 натпревари досега сезонава, иако Стеф Кари немаше своја вечер.
Најдобриот стрелец на Вориорс уфрли само една „тројка“ од шест обиди, погоди само два од десет шута од игра за вкупно 12 коша. Но, подели осум асистенции и им даде простор на порасполежените соиграчи. А против Рапторс тоа беа Џордан Пул, кој уфрли 33 поени со шут 10 од 12 од игра и 8 од 11 за „тројка“, и Ендрју Вигинс чиј краен ефект беше 32 коша и шест скоковои.
Воирос веќе во 10-та минута од првата четвртина имаа 20 коша преднсот (31:11), од што гостинската екипа не успеа да се оправи до крајот на мечот во кој ниеднаш не успеа сериозно да му се закани на домашниот тим. Во редовите на Торонто најдобри беа Паскал Сиекам со 21 кош и 6 скокови и Фред ВанВлет со 17 поени и 7 асистенции.
Уште поубедливи беа Фениск Санс кои дома ги совладаа Денвер Нагетс со 126:97 за вкупно 13-та победа а дури 12-та во низа која започна уште на 31-ви октомври против Кливленд Кавалирс, кога екипата од Аризона до тогаш имаше само една победа од првите четири натпревари.
Нагетс без повредениот Никола Јокиќ не беа сериозен противник, па веќе на крајот од првата четвртина имаа заостанување од 20 поени (28:48), а на Санс им преостана само до крајот да го одржуваат водството.
Камерон Џонсон, од клупата на Феникс, беше најдобар стрелец на тимот со 22 коша. Стартниот центар Деандре Ејтон доддел 21 кош и 8 скокови, а Девин Букер се запре на 17 поени. Кај гостите најдобар стрелец беше Џеф Грин со 19 коша, додека Арон Гордон врза 16 поени и 10 скокови.
Во дуелот на две екипи од Источната конференција, Чикаго Булс во „Јунајтед Сентр“ ги совладаа Њујорк Никс со 109:103. Со тоа се израмнија со Бруклин Нетс во соодносот на победи и порази од 12-5 и се наоѓаат на врвот на Истокот.
По подобриот влез во дуелот и двоцифрената предност од 20:8 во првата четвтрина, мечот на Булс и Никс беше многу израмен во второто полувреме, а одлуката за победникот дојде во последната минут, кога клучна улога имаше Зак Лавин. Прво на 1,19 минути до крајот имаше полагање за „плус пет“ на 104:99, а потоа во последните половина минута двпати погоди де слободни фрлњата и ги одведе Булс до недостижните 108:101.
Лавин дуелот го заврши со 21 кош, 6 скокови и 4 асистенции, а најдобар кај победниците беше Демар Дерозан со 31 кош, 6 скокови и 5 асистенции. Никс, според обичајот од минатата и оваа сезона, ги предводеше Џулиус Рендел со 34 коша и 10 скокови.
OH DEAR https://t.co/sbVYzrXLAm
— Rob Perez (@WorldWideWob) November 22, 2021