ВИДЕО| Преглед НБА: Зубац и Харден ги предводеа Клиперс до победа над Вориорс

Хрватскиот репрезентативен центар Ивица Зубац постигна 23 поени и имаше 18 скока и шест асистенции во мечот во кој Лoс Анџелес Клиперс на гостувањето во Сан Франциско ги победија Голден Стејт Вориорс со 112:104.

Џејмс Харден постигна 23 поени за Клиперс, а подели и 11 асистенции, а Норман Пауел постигна 20 поени за победниците.

Ендрју Вигинс ги предводеше стрелците на домашниот тим со 29 поени, а Стивен Кари постигна 18 поени во првиот пораз на Вориорс во новата сезона.

Њу Орлеанс Пеликанс беа поразени со 125:103 на гостувањето во Портланд. Си Џеј МекКолум ги предводеше стрелците на Пеликанс со 27 поени, а Џордан Хокинс постигна 17 поени. Џерами Грант со 28 поени и Енферни Сајмонс со 27 поени беа најдобри стрелци на Трејл Блејзерс.

Филаделфија 76ер ги победија Индијана Пејсерс со 118:114 (28:23, 24:35, 27:20, 26:27, 13:9) на гостински терен во Индијанаполис по продолжението.

Најефикасни во тимот на Филаделфија беа Тајрис Мекси со 45 поени, Кејлеб Мартин со 17 поени, заедно со 12 скока и Ерик Гордон со 15 поени, додека Ендрју Драмонд запиша девет поени и 17 скока. Џоел Ембиид и Пол Џорџ го пропуштија третиот натпревар сезонава поради повреди, а Ембиид поради се наоѓа под истрага на НБА лигата.

Во тимот на Индијана најефикасни беа Тајрис Халибартон со 22 поени, Паскал Сијакам со 17 поени, шест асистенции и Оби Топин со 15 поени.

Филаделфија и Индијана имаат по една победа и два пораза. Филаделфија во следниот натпревар ќе го пречека Мемфис, додека Индијана ќе го пречека Бостон.

Бруклин Нетс на домашен терен ги совладаа Милвоки Бакс со 115:102 (27:25, 21:20, 35:33, 32:24).

Најефикасни во тимот на Бруклин беа Кем Томас со 32 поени, Денис Шрудер со 29 поени, шест асистенции, Кеморан Џонсон со 13 поени, со шест скока и Ноа Клуни со 13 поени.

Јанис Адетокунбо со 22 поени, 12 скока и седум асистенции, Дејмијан Лилард со 21 поен и Боби Портис со 16 поени и 10 скока беа најефикасни во тимот на Милвоки.

Бруклин и Милвоки имаат по една победа и два пораза. Во следниот натпревар Бруклин ќе игра на гостински терен против Мемфис, додека Милвоки на гостински терен против Бостон.

Резултати
Голден Стејт Вориорс – ЛА Клиперс 104:112
Портланд Трејл Блејзерс – Њу Орлеанс Пеликанс 125:103
Индијана Пејсерс – Филаделфија 76ерс 114:118 (продолжение)
Бруклин Нетс – Милвоки Бакс 115:102
Оклахома Сити Тандер – Атланта Хокс 128:104

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

  1. Кливленд Кавалирс 3 0 100,0
  2. Бостон Селтикс 3 0 100,0
  3. Орландо Меџик 2 1 66,7
  4. Атланта Хокс 2 1 66,7
  5. Њујорк Никс 1 1 50.0
  6. Мајами Хит 1 1 50,0
  7. Чикаго Булс 1 2 33.3
  8. Торонто Репторс 1 2 33.3
  9. Бруклин Нетс 1 2 33.3
  10. Милвоки Бакс 1 2 33.3
  11. Филаделфија 76ерс 1 2 33.3
  12. Индијана Пејсерс 1 2 33.3
  13. Шарлот Хорнетс 1 2 33.3
  14. Вашингтон Визардс 0 2 0.0
  15. Детроит Пистонс 0 3 0.0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

РангТимПобедеПоразиПроценат
1Лос Анџелес Лејкерс30100.0
2Оклахома Сити Тандер30100.0
3Мемфис Гризлис2166.7
4Феникс Санс2166.7
5ЛА Клиперс2166.7
6Голден Стејт Вориорс2166.7
7Минесота Тимбервулвс2166.7
8Њу Орлеанс Пеликанс2166.7
9Далас Маверикс1150.0
10Сан Антонио Спарс1150.0
11Хјустон Рокетс1233.3
12Портланд Трејл Блејзерс1233.3
13Сакраменто Кингс020.0
14Денвер Нагетс020.0
15Јута Џез020.0