ВИДЕО| Прекин на дербито во Севилја, Жордан погоден в глава

Средбаtа од осминафиналето на Шпанскиот фудбалски куп, градското дерби меѓу Реал Бетис и Севилја беше прекинато во 41 минута при презултат 1:1, откако еден од навивачите на Бетис по погодокот за израмнување на неговито тим фрли стап на теренот и со него во главата го погоди играчот на Севилја, Жоан Жордан.

Во едно од најжестоките градски ривалства во шпанскиот фудбал, Набил Фекир во 39 минута дирекот со удар од корнер израмни на 1:1, а додека со соиграчите го славеше погодокот еден неодоворен гледач од трибината зад голот фрли стап и веројатно несакајќи го погоди Жордан.

Судијата Рикардо Де Бургос Бенгоечеа веднаш го прекина дуелот, играчите на Севилја веднаш заминаа во соблекувалната, додека оние на Бетис се обидуваа судијата да го продолжи мечот, но безуспешно.

Инаку Севилја во водство ја донесе Алехандро Папу Гоемз во 35 минута.

Во текот на ноќта се огласи на Twitter Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF), потврдувајќи дека дуелот е прекинат поради инциденто и дека ги осудува сите акти на насилство на теренот.

Претходно во саботата пласман во четвртфиналето изборија Мајорка со победата од 2:1 против Еспањол, Рајо Валјекано со гостинската победа од 2:1 над Жирона, и Кадиз кој со подоброто изведување на пеналите со 4:2 го еломинираше Спортинг од Хихон.

В недела играат Балерас- Валенски, во вторник Реал Сосиедат – Атлетико Мадрид а во среда Елче – Реал Мадрид и Атлетико Билбао – Барселона.