Израел и палестинските милитанти договориле преки на огнот во палестинската енклава Газа од неделата вечерта на предлог на Египет, објавија извори на агенцијата Reuters, откако израелската војска продолжи со гаѓање палестински цели во текот на викендот, на што милитантите да гаѓаат израелски градови со ракети со поголем дострел.
Египетски безбедносен избор рекол дека Израел се согласил со прекинот на огнот. Тој наводно би требало да стапи на сила во 19 часот по Гринич, или 21 часот во недела по македонско време. Додал дека Каиро сѐ уште чека на одговор од палестинската страна.
„Израелската страна ги прифати прекинот на огнот“, изјавил египетскиот функционер кој сакал да остане анонимен, но не дали никакви прецизни временски рамки за прекинот на огнот.
Прекинот на огнот е постигнат со посредништво на Египет, првата арапска земја којашто потпиша мировен договор со Израел во 1979 година.
Во меѓувреме во неделата продолжува најжестокиот судир меѓу Израел и палестинската милитантна организација Исламски џихад по кусата војна минатата 2021 година.
Разгорувањето на судирот кој потсетува на вовед во претходните војни во Газа, ги загрижи светските сили. Меѓутоа, овој судар е релативно повоздржан бидејќи надвор од судирот засега останува Хамас, палестинското исламистичко движење кое ја има власта во Појасот Газа од 2007 годна и е многу помоќна од Исламски џихад за кој Израел и САД тврдат дека е подржуван од Иран.
Палестински функционери во Газа рекле дека во израелските напади кои траат од петокот загинале 31 Палестинец, од кои најмалку третина се цивили меѓу кои има и деца. Израелските власти ја оспоруваат оваа бројка и тврдат дека „неколку палестински деца“ загинале во саботата вечерта во Џабалија, на северот, наводно од заталкана ракета истрелана на Исламски џихад а не од израелската војска, врз територијата на Израел.
Ракетите од Газа го парализираа поголемиот дел од јужен Израел и ги натераа жителите на повеќе градови, меѓу кои и Тел Авив и Ашкелон во засолништата.
Во неделата претпладнето Исламски џихад ги проширил своите напади кон Ерусалим во одмазда поради убиството на негов командант во Газа изминатата ноќ, вториот висок командант по Тајсер ал-Џабари кој беше убиен во петокот кога Израелските сили за одбрана (IDF) бомбардираа цели во Појасот Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламски џихад и со кои почна спиралата на последните насилства.
Нападите доаѓаат по израелското апсење претходно седмицава на Басам ал-Сауди, висок лидер на палестинското исламистичко движење Исламски џихад, во текот на рација во градот Џенин, во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел по војната од 1967 година. Дополнително, израелските сили ги затворија сите премини во Газа и на блиските патни правци поради страв од одмазда од милитантните групации кои имаат упоришта во Газа.
Израел тврди дека од почетокот на својата операција во петокот гаѓа објекти на Исламски џихад во кои наводно убил 15 негови борци. Тврди дека против нив води „превентивна операција против непосредна закана“. Палестинската групација возвраќа со ракетирање на израелска територија, а повеќето ракети се пресретнати од израелскиот противракетен штит.
Газа, тесен појас земја каде на 365 квадратни километри живеат 2,3 милини жители, е константна точка на судири откако движењето Хамас ја презема контролата над оваа енклава во 2007 година. Од 2009 година Израел водеше пет судири со Хамас, а во последниот судир од мај 2021 година, кога палестинските движење истрелаа повеќе илјади ракети врз Израел кој одговори со воздушни напади врз Газа. Тогаш во 11-те денови борбри загинаа 260 луѓе на палестинската страна а 14 на израелската, што е најлошиот сооднос во жртви кој го претрпел Израел во судирите со палестинските милитантни групации.