ВИДЕО: Пресуден е карактерот, не убавината!

Слепи состаноци со хартиена кеса на главата е нов тренд во Лондон.

Ова допринело луѓето повеќе да се фокусираат на карактерот, а изгледот на личноста да го стават во сенка.

Овој начинна состанување го осмислиле авторите на апликацијата „Love Flutter“, а сето ова е дел од капањата „Кажи и не на површноста“.

На состанок на слепо се собрале околу 30 двојки кои добиле хартиени кеси за глава со отвори на очите и устата. На сите учесници им било дозволено некако да си ја украсат кесата, дали со зборови или со слики. Некои од кандидатите ставале шеговити натписи како „Тешко е да запознаеш некого за само 2 минути. Првиот впечаток го вклучува и изгледот, но во овој случај не е така“.