(ВИДЕО) Претседателот Мукаетов се поклони пред Миркуловски пред неговиот последен меч!

Со подароци од Ракометната федерација на Македонија, еден од нашите најискусни репрезентативци, Филип Миркуловски беше поздравен пред почетокот на натпреварот Македонија – Чешка. Овој натпревар е последен во дресот со државниот грб за средниот бек на Вецлар и емоциите сигурно ќе бидат присутни.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), преку претседателот Живко Мукаетов, му подари врамен дрес на популарниот „Жути“, кој во иднина ќе продолжи во репрезентацијата како член на стручниот штаб.

Македонската репрезентација брка било каква победа по нерешените 24-24 во Злин во средата, за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.