Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека граѓаните се корумпирани и сами им нудат мито на судиите, но за тоа се виновни медиумите кои пишуваат дека судиите се корумпирани.
Џолев ова го изјави во дускусија на денешната дебата на тема „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ организаирана од Антикорупциската комисија.
– Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам: ’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот – изјави Џолев, пренесе СДК.