ВИДЕО| Претставена првата виртуелна ТВ водителка со вештачка интелигенција

Рен Ксиаоронг е првата виртуелна водителка на вести која работи со вештачка интелигенција, а ја претстави кинескиот државен медиум People’s Daily. Водителката чита вести во апликација со вештачка интелигенција и засега може да одговара на прашања на корисниците врзани само за годишната пленарна седница на Националниот народен конгрес и Кинеската народна политичка советодавна конференција, која се одржа неделава.

Преку апликацијата People’s Daily можете да побарате од Рен Ксиаоронг да ви каже повеќе детали за разните теми кои биле обработени во текот на двете сесии, а вклучуваат образование, превенција на епидемија, вработување, заштита на околината и уште многу други прашања.

Рен е интерактивна во многу ограничена мера. Корисниците можат да ги изберат темите за кои сакаат да дознаат повеќе, но апликацијата уште не дозволува поставување специфични прашања затоа што е програмирана да биде во склад со ставовите на кинеската комунистичка партија, па не може да очекувате некакви критички ставови.

Од друга страна, ова ни го покажува правецот во кој може да се движат ТВ вестите во динина, односно дека еден ден главен извор на информации ќе ни станат роботите и вештачката интелигенција.