ВИДЕО: Природна катастрофа во Франција, 16 лица загинаа, тројца исчезнати

Природна катастрофа во Франција. Најмалку 16 го загубија животот, а уште тројца се водат за исчезнати по поплавите што го погодија брегот на Франција.

Како што пренесуваат странските медиуми, за само два часа, паднало дожд колку што вообичаено паѓа за два месеци.

Тројца пензионери се удавиле кај градот Антибес кога водата продрела во Домот за стари лица каде биле сместени.

Поголем дел од починатите го загубиле животот додека биле заробени во сопствените автомобили во тунелите и подземните гаражи, јавува Би Би Си.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд прогласи природна катастрофа.