
Извршен бил претрес на објектот кој лицата го користеле како бункер за чување на наркотична дрога, при што пронајдена и одземена е наведената наркотична дрога. Одземената непозната прaшкаста тревкаста материја и таблетите се предадени во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР заради понатамошно вештачење.
Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против двајцата гостиварци поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ .
Двајцата и’ се веќе познати на полицијата, а во тек се преземање на мерки и активности за целосно документирање на случајот.
Досега во рамки на операцијата „Мрежа“ во рок од една недела, приведени се над 30 лица и против нив се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.