![ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/ukraina1.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Опозицијата смета дека денешниот ден е решавачки.
Вчеравечер, демонстрантите во центарот на Киев го срушиле споменикот на Владимир Ленин, како симбиличен чин кон претседателот Јануковиќ и неговите планови за блиски односи со Москва. На вчерашните протести повеќе стотина илјади лица побараа оставка од претседателот Виктор Јанукович.
Триесетина маскирани лица врзале коноп околу вратот на статуата и за блиските дрвја и го собориле на земја.
Двајца пратеници од ултранационалистичката партија Слобода, присуствувале на тој настан.
Одбивањето на Јануковиќ да го потпише договорот за придружување со ЕУ ги налути сите проевропски настроени граѓани.