ВИДЕО: Продолжуваат борбите за Славјанск, над 20 загинати

Повеќе од 20 лица загинале вчера во интензивните борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Од украинското Министерство за внатрешни работи соопштиле дека во борбите во Славјанск загинале четворица војници, додека над 30 други се ранети. Меѓу жртвите имало и цивили.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, кој се наоѓа во Славјанск, потврди дека во судирите има жртви, но нагласи дека тие одбегнуваат да пукаат во цивили.

– Тие војуваат против нас, ја напаѓаат нашата територија. Мојата мисија е да ги елиминирам терористите, додаде тој.  Нашата единствена тактика е малку по малку да напредуваме кон центарот на Славјанск, каде во Градското собрание и зградата на државната безбедност се забарикадирани бунтовниците, наведе Аваков.