Ураганот Јанос, што ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, соопштија денеска властите.
Жртвата е постар човек од Кастанија, кој починал кога покривот од куќата што го однесе ураганот паднал врз него, пренесува порталот Катимерини.
Ураганот вчера го погоди централниот дел на Грција и ги однесе првите жртви.
Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници се поплавени.
https://www.youtube.com/watch?v=V9cYuUZR1mc&feature=emb_logo
Како што се наведува, ураганот ќе влијае и на економијата во таа област, бидејќи земјоделците немаа време за берба и ќе останат без производи.
Ураганот Јанос го погоди западниот брег на Грција во петокот, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а вчера стигна до централниот дел на земјата.