Во тек е анализата на остатоците пронајдени во текот на операцијата за спасување и потрага по бугарскиот воен ловец од типот „MиГ-29“, кој во ноќта кон средата се урна во Црното Море.
Остатоците од авионот, наводно, биле лоцирани на длабочина од 70 метри.
По повеќе од 30 часа потрага, бугарската авијација и морнарица пронашла „биолошки материјал“ што биле испратен на детална анализа со цел да се потврди дека станува збор за пилотот Валентин Терзиев.
„Потрагата по црната кутија продолжува“, рече бугарскиот адмирал Емил Ефтимов, објавувајќи ги резултатите од потрагата за „МиГ-29“ што се сруши за време на воена вежба над Црното Море.