Барселона и официјално ја прослави шампионската титула и тоа со своите навивачи на „Ноу Камп“ по ремито од 2:2 со Депортиво Ла Коруња.
Прославата на шампионската титула беше во знакот на Чави кој го одигра последниот меч во дресот на Барселона. Како што е познато тој по завршувањето на сезоната го напушта каталонскиот тим во кој мина 24 години и се сели во катарски Ал Сад.
Чави пред речиси 100.000 фанови играше од првата минута и ја носеше капитенската лента. На трибините имаше огромен транспарент „Ти благодариме Чави“, а почаст му направија и гостинските фудбалери кои направија шпалир при влегувањето на теренот.

Извор: Курир