ВИДЕО| Простаклукот на Апасиев пуштен на најјако

На собраниска седница денеска за влакно беше избегната тепечка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и дел од пратеницита на ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев од место почна гласно и со пцовки да се обраќа кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, покажувајќи сосема недолично однесување за пратеник и лидер на партија.

Собраниското обезбедување реагираше, а беше дадена и пауза од 10 минути.

Инцидентот се случи кога едно прашање најавено за министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, го пренасочи за премиерот Христијан Мицкоски. Тоа се однесуваше на назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО. На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата. Крмов посочи дека е можно, па потоа од своето место се вклучи и Апасиев.