Земјоделците од прилепскиот крај денеска протестираат.
Протестот е кај бензинската пумпа „Лукоил“ – Прилеп, односно на влезот од градот. Организаторите на протестот имата повеќе барањ за кои тврдат дека претходно ги доставиле до МЗШВ и Владата, но бидејќи не добиле одговор, решиле да излезат на улица.
Нивните барања се следни:
- Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде во литар по единица површина.
Важноста на мерката да почне веднаш. - Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на трошоците за живот и процентуалното зголемување на минималната плата и нивна исплата пред почетокот на секоја производна сезона.
- Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои се користат во земјоделството.
- Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
- Ослободување од концесија на државно земјиште, пашарина, наводнување и одводнување за 2022 година.
- Изготвување на анализи за производна цена на секој земјоделски производ како и гаранција од државата за минимална заработка на производителите од најмалку 30% од производната цена на производите како и гарантирање на исплатата од страна на трговците (банкарска гаранција)
- Покрај традиционалните, ИТНО изнаоѓање на алтернативни пазари за сите земјоделски култури.