Протестен марш за правда организаран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а поддржан од партијата Беса.
„Не можеме да молчиме кога има неправда, монтирани случаи против Албанците, а власта ја уби надежта за правна држава“, порачаа од Беса.
Блерим Ахмеди, братот на „Ел Чека“, кој неколкупати ги водеше протестите во изјава за весникот „Лајм“, ги покани Албанците да се приклучат на протестот.
Во Судот во Кичево е поведен процес против Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека. На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството.