(ВИДЕО) Протести во Грција против преспанскиот договор, има повредени

За време на протестите на помала група граѓани против преспанскиот договор, повредени се четворица полицајци и еден демонстрант во грчкиот град Птолемаида, јавуваат грчките медиуми.

До судир помеѓу полицијата и демонтрантите дошло додека грчката министерка за цивилна заштита, Олга Геровасили, присуствувала на состанок во градот.

Полицијата употребила солзавец, а повредените поради повреди биле префрлени во болница.