ВИДЕО: Протести во Истанбул, едно лице загина

Едно лице загина во протестите во Истанбул, додека се обидувало да стаса до плоштадот Таксим. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, јавува „Раша Тудеј“.

Педесет и седум годишниот Наил Мавус починал откако бил удрен од возилото со воден топ додека се обидувал да стаса до плоштадот.

Инаку, голем број полициски припадници се обидуваат да ги спречат демонстрантите да стасаат до плоштадот Таксим.