
Прототипот на ракетата „Starship“ на американската технолошка компанија „SpaceX“ експлодирал во текот на обидот на повратното слетување во средата, неколку минути по наизлгед вообичаеното полетување од полигонот за лансирање на компанијата во Тексас.
Според снимките од летот која беше емитуван во живо, уништената ракета „Starship“ е прототип на тешка ракета носач висока 52 метри која ја развила приватната вселенска компанија на Илон Маск за транспорт на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и Марс.
Самонаведувачката ракета експлодираше кога се спушти на подлогата за слетување по контролираното атерирање. Пробниот лет е наменет за достигнување на височина од 12,5 километри, порвпат е придвижен со новразвиените мотори од типот „Raptor“ на „SpaceX“.
Маск на Twitter непосредно по несреќата објави дека „притисокот во резервероарот за гориво бил низок“ во текот на слетувањето „поради што бризината на допирот била голема“.
Додаде дека „SpaceX“ од овој тест ги добил „сите податоци коишто им беа потребни“.
Here’s the RELIGHT AND BOOM!!! 💥🚀 pic.twitter.com/Rlqm1yem0u
— Everything SpaceX (@spacex360) December 9, 2020