![nikolov i sherif zagubija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/nikolov-i-sherif-zagubija.jpg?resize=640%2C356&ssl=1)
Дерби натпреварот во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите кое се играше на „Ванда Метрополитано“ му припадна на Ливерпул. Во одличен натпревар, Ливерпул како гостин со 2:3 го совлада Атлетико Мадрид.
Воведните минути им припаднаа на „црвените“ кои за 13 минути постигнаа два гола преку Салах и Кеита, но домашниот тим успеа да дојде до израмнување и тоа во првиот дел. Антоан Гризман со головите во 20. и 34. минута го врати Атлетико Мадрид во игра, но францускиот репрезентативец беше трагичар во вториот дел.
Имено, Гризман во 52. минута заработи црвен картон поради прекршокот над Роберто Фирмињо, а предноста од играч повеќе, Ливерпул ја искористи во 76. минута кога Мохамед Салах беше прецизен од белата точка за 2:3.
По двете победи на стартот, Шефир Тираспол за кого настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов вечерва е поразен од Интер со 3:1.
Интер поведе со голот на Џеко, а гостите преку Тил во 52. минута дојдоа до израмнување. Но, радоста на гостите траеше само шест минути бидејќи Видал му носи предност на Интер, а Стефан де Вриј го постави конечниот резултат во 67. минута. Николов во игра влезе во 75. минута.
Убедлив триумф оствари и Реал Мадрид кој како гостин го победи Шахтјор со 0:5, додека Милан и по третото коло нема освоен бод бидејќи вечера загуби на гостувањето кај Порто со 1:0.
ПСЖ во возбудлив натпревар успеа да го совлада Лајпциг со 3:2 и да се искачи на првото место на табелата во групата А.
Резултати:
Група А
Бриж – Манчестер сити 1:5
ПСЖ – Лајпциг 3:2
Табела: ПСЖ 7, Манчестер сити 6, Бриж 4, Лајпциг 0.
Група Б
Атлетико М. – Ливерпул 2:3
Порто – Милан 1:0
Табела: Ливерпул 9, Атлетико Мадрид 4, Порто 4, Милан 0.
Група Ц
Бешикташ – Спортинг Л. 1:4
Ајакс – Борусија Д. 4:0
Табела: Ајакс 9, Борусија Д. 6, Спортинг Л. 3, Бешикташ 0.
Група Д
Интер – Шериф 3:1
Шахтјор – Милан 0:5
Табела: Шериф 6, Реал М. 6, Интер 4, Шахтјор 1.