Во второто коло од АБА2 лигата, кошаркарскиот клуб Пелистер ја совлада Сутјеска со 20 поени разлика поточно 93:73 и за битолскиот тим ова е прва победа во регионалното натпреаварување.
Пелистер дебитираше со пораз од Ловќен од 85:108, но во петокот вечерта битолчани се покажаа во сосема поинакво издание и дојдоа до првиот триумф.
Македонскиот тим го контролираше речиси целиот тек на мечот, но пресудна беше третата четвртина кога го скршија противникот и го откажаа од шансата за победа, дојдоа до 20 поени разлика, а со таква предност ја заклучија и победата 93:73.
Трајковски и Малешевиќ со по 16 поени беа најефикасни во составот на Пелистер, Хоутон постигна 14, а Томашевиќ и Спасојевиќ заедно остварија дури 43 поени за Сутјеска.