Чешката полиција извести дека имало пукање на Факултетот за ликовни уметности во центарот на Прага и дека има мртви и ранети, јави Би-би-си. Од полицијата додаваат дека може да има многу жртви.
– Ги испративме сите расположливи сили по дојавата за пукањето. За жал, бројот на жртвите е голем – изјави портпаролката на полицијата Јана Поштова, која не сакаше да шпекулира за бројот на жртвите. За жал, полицијата потврди дека има загинати.
Vyzýváme občany, aby se v blízkém okolí nezdržovali a nevycházeli z domu. Zásah policie stále pokračuje. pic.twitter.com/OHnSsq4G5f
— Policie ČR (@PolicieCZ) December 21, 2023
Целата зграда моментално се евакуира, а на лице место има неколку загинати и десетици повредени – соопшти полицијата.
PHOTO: Active shooter at Charles University in Prague, reports of multiple dead and injured pic.twitter.com/y2h7ZGwhgv
— BNO News (@BNONews) December 21, 2023
Професор од колеџот го контактирал чешкиот портал Блеск и потврдил дека студентите и вработените добиле мејл да се забарикадираат.
– Така направивме, се забарикадиравме на вториот кат. Мислам дека пукањето беше на четврти кат.
BREAKING: Shooting with multiple fatalities at Charles University’s Faculty of Arts in Prague pic.twitter.com/Rs0u9RHsXi
— BNO News (@BNONews) December 21, 2023