ВИДЕО: Пукање во училиште во САД, еден ученик повреден, напаѓачот се самоубил

Еден ученик е повреден во пукање во училиште во  Денвер, главниот град на американската држава Колорадо.

Според „Хафингтон пост“ еден ученик е повреден откако средношколец вчера отворил оган во едно средно училиште во Денвер, а потоа си пресудил.

Локалниот шериф Грејсон Робинсон изјавил напаѓачот е 18-годишниот Карл Харвесон Пирсон,  а негова мета бил професор. Младиот напаѓач го скрил оружјето и при влез во училиштето тој го побарал професорот, кој брзо го напуштил објектот со цел да изнесе напаѓачот надвор и да избегне поголема трагедија.

Повредениот ученик е 15 годишно девојче кое веднаш била пренесена во болница, каде и се врши операција и е во критична состојба.

Полицијата во училиштето пронашла и два молотови коктели.

Сите училишта во Денвер се затворени.

Нападатот се случи само еден ден пред одбележувањето на годишнината од масакрот на 20-годишниот Адам Ланза, кој уби 26 ученици и вработени во основно училиште, а потоа си го одзема животот.