ВИДЕО| Пукна доводен цевковод на ХЕЦ Врбен утрово, вода се излива насекаде!

Според информации на КУРИР, утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, кој е во надлежност на ЕСМ. Вистински хаос се случува утрово во општината и водата се излева на сите страни.

Хидроцентралата Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен, сите на реката Радика.

ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.

Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.