Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во штабот на родовите војски вклучени во борбените операции во Украина, изразил подготвеност да ги сослуша предлозите за итните и среднорочните дејствија на украинското боиште, според снимката објавен на официјалната страница на Кремљ.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги извести новинарите дека Путин се запознал со работата на здружениот штаб на родовите војска кои се вклучени во војната во Украина. Рускиот целиот петок престојувал во оперативниот штаб каде ги сослушал извештајот за развојот на ситуацијата на боиштето, а одржал заедничка конференција и одделни среди со поедини команданти.
На видео-снимката што ја објави Кремљ, се слуша како Путин бара да ги сослуша и мислењата на командантите на вооружените сили за тоа како сметаат дека треба да се одвива воената кампања во Украина.
Се гледа како Путин претседава со состанокот на десетина офицери на овалната маса, со присуство министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.
Во друг кадар Путин е прикажан на чело на долга конференција маса во здружениот штаб, повикувајќи ги бројните воени команданти да ги изнесат своите сугестии.
„Ќе ги сослушаме командантите во секој оперативна насока и би сакал да ги слушнам вашите предлози за нашите непосредни и среднорочни активности“, рече Путин.
Командантот на воздухопловните сили, генералот Сергеј Суровикин, кој ја презема обединетата команда над руските сили кои се борат во Украина, исто така, учествувал на состанокот, според видео и фото материјалите објавени на страницата на Кремљ.
Не се објавени дополнителни поединости од состанокот, ниту местото каде што се наоѓа оперативниот штаб.