(ВИДЕО) Работнички ја победи Слобода во АБА 2, ќе игра во плејаутот

Кошаркарите на Работнички славе против Слобода со 87:77 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Одличната игра во првата и во третата четвртина беа доволни за тимот од „Градски Парк“ да дојде до петата овосезонска победа, втора по ред на турнирот во Златибор.

Младеновски мечот го заврши со 20 поени и 20 скокови додека Тхортон постигна 20 поени и осум скокови, солиден беше и Питс со 18 поени и шест асистенции.

Оваа победа го смести Работнички на 12-то место, што значи настап во плејаутот. Во полуфиналето од битката за опстанок, Работнички игра со Сутјеска, и ако ја совлада, ќе има право и следната сезона да игра во АБА 2 конкуренцијата.