
Полициски службеници упаднале синоќа во неколку ноќни клубови меѓу кои и Сектор и ги легитимирале посетителите.
Повеќе граѓани на социјалните мрежи изразија револт поради синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи во ноќните клубови во Скопје. Тие сведочат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се угаси музиката во ноќниот клуб „Сектор“ со образложение дека се врши контрола на возраста на гостите.
Неофицијално, уапсен бил соптсвеникот на дискотеката поради тоа што се спротивставил на ваквиот начин на контрола односно на барањето да се угаси музиката, објави порталот еМагазин.
Се чека официјален информација од МВР за оваа акција.
https://www.facebook.com/elena.uzunovski/videos/vb.612603325/10156370243233326/?type=2&video_source=user_video_tab