(ВИДЕО) Раскош на сите страни во хотелот во кој Ѓоковиќ ќе го мине карантинот во Австралија

Моментално најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија каде што го започна двонеделниот карантин во Аделаида пред почетокот на Австралијан опен.

Бидејќи организаторите на турнирот за оваа сезона ги проширија мерките до максимум поради заштита од пандемијата на коронавирусот, играчите мора максимално да ги почитуваат истите и две седмици да бидат изолирани поради пандемијата.

Најдобриот тенисер на светот се смести во својот карантин во хотелот во Аделаида каде што се сместени и Рафаел Надал, Доминик Тим – како најдобри тенисери на светот, како и нивните членови на тимовите.

Камерите од медиумите успеале да го „уловат“ секој момент на тенисерите, а интересно е тоа што го прави Новак во својата хотелска соба – вежба.

Инаку, Новак е сместен во луксузен хотел во кој што цената за една вечер изнесува 1.800 евра.